Моќта на афирмациите е потценета. Ако можеме да имаме 100 отсто верба во себе, можеме да стигнеме до места за кои сме мислеле дека се недостижни. Ако овие моќни афирмации се учат на рана возраст, тогаш родителите можат да воспитаат неверојатни деца кои ќе можат да се соочат со нивните најголеми стравови и да излезат посилни и попаметни.
Сите сакаме да гледаме слатки видеа за бебиња на социјалните мрежи, но дали сте ги виделе овие неверојатни видеа од мали деца чии татковци ги мотивираат да веруваат во себе?
На видеото подолу Мајкл Џексон ја замолува својата ќерка Харпер да скокне од масичката за тој да ја фати.
– Ајде, можеш. Еден, два, три. Но, девојчето е несигурно и вели: „Не можам“. Тогаш таткото веднаш одговара: „Да, можеш. Можеш. Тато ќе те фати“.
Потоа ѝ кажува зборови на анфирмација за да ѝ помогне да скокне, не само за овој скок, туку и за сите други фази од нејзиниот живот:
– Не постои ништо што не можам да го направам доколку сум одлучна за тоа – вели нејзиниот татко, а таа ги повторува зборовите и успешно скока.
На друго видео малечко момче се обидува да прескокне пречка. Момчето се уморува, но упорно се обидува. Кога се чини дека ќе се откаже, неговиот татко му вели да ги повтори зборовите:
– Јас сум моќен. Јас сум бестрашен. Јас сум несопирлив. Јас сум неверојатен. Јас сум брз. Јас сум силен. Јас го можам ова.
912