Игротека

Неверојатна приказна за преживеаните братчиња од „Титаник“

На 15 април 1912 година „Титаник“ удрил во карпа мраз и повеќе од 1.500 луѓе загинале во оваа трагедија. Меѓу преживеаните 710 луѓе имало две млади момчиња на возраст од 2 и 4 години, единствените деца што биле спасени и кои немале родители.
Информацијата била ретка, листата со патниците била во целосен хаос, а двете мали дечиња едноставно одговарале „oui“ на секое поставено прашање.

Медиумите ги нарекувале „Титаник-близнаците“, а нивниот идентитет останал непознат сè додека една жена од Ница, Франција, видела статија во весник со слика од деца кои изгледале како двајцата нејзини синови.

Нејзиното име било Марсел Карео и откако воспоставила контакт со локалните власти, таа ги опишала во детали, поставувајќи им прашања на кои само нејзините синови би можеле да одговорат. Откако нивната врска била потврдена, таа повторно била соединете со своите деца.

Но, како децата се нашле на „Титаник“? Одговорот бил нивниот татко, Мишел Навратил. Тој ги киднапирал двете деца, а неговиот план бил да побегне во Америка и да почне одново. Го променил името во Луис Б. Хофман, а своите деца ги прекрстил во Лоло и Момон. За жал, тој го избрал „Титаник“ за превозно средство.

Во некој чуден пресврт тој бил единствената жртва што носела револвер во џебот.
Кога момчињата пристигнале во Њујорк, биле испратени да живеат со Маргарет Хјес, уште една преживеана од „Титаник“. Еден месец подоцна Мишел и неговиот помал брат Едмонд повторно биле соединети со нивната мајка.

Едмонд починал на 43 години, по битката со француската армија во Втората светска војна. Мишел продолжил на факултет, докторирал и станал професор по филозофија. Починал на 20 јануари 2011 година, на 92 години, и бил еден од најстарите преживеани патници на Титаник.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top