Нестрплив да ги види сопругата и новороденчето во родилиштето „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, еден татко се качил на прозорецот на првиот кат – со кран!
„Сакав да бидам присутен барем 5 минути“
Сепак, потегот на нетрпеливиот тато не бил поздравен од сите, па предизвикал и негативни коментари. Затоа преку истата страница на „Инстаграм“ се огласил сакајќи да ја објасни својата постапка. Таткото најпрво им се заблагодарил на сите за добрите желби, како и на родилиштето „Драгиша Мишовиќ“ за третманот што го добила неговата сопруга, а потоа напишал:
-На сите жени им е неверојатно тешко за време на бременоста, особено за време на породувањето кое трае со часови и тоа што го преживуваат ниту еден маж не може да го издржи, па капа долу за сите жени и мајки. Поради оваа причина, им треба целото внимание на светот, сета поддршка и блискост и присуство на партнерот. Јас како татко, а пред сè како сопруг на кралица, сакав да бидам присутен барем 5 минути, да ѝ дадам поддршка да продолжи, да ги издржи болките по породувањето и да ѝ кажам дека се гордеам со неа и дека ја сакам гледајќи ја в очи, а не преку телефон – напишал овој татко и додал: „И ние татковците имаме душа“.
Овој татко изразил жалење ако некого во породилното довел до неволја и се заблагодарил за разбирањето на неговиот, како што рекол, „неодговорен потег“.
912