Игротека

Непроценлива љубов: Магични фотографии на баби и дедовци со своите внучиња

Растејќи во Џаипур, Индија, Сујата Сетиjа правела фотографии од речиси секој член на нејзиното семејство: мајка ѝ, татко ѝ, брат ѝ, па дури и уличната мачка што нејзините родители ја удомиле. Разгледувајќи низ фотоалбумите сега, таа не можела да пронајде ниту една фотографија со своите баби и дедовци.

– Мислам дека родителите никогаш не правеле доволно фотографии од мене и бабите и дедовците бидејќи секогаш верувате дека вашите родители се непобедливи сè додека еден ден не ве напуштат – вели Сетија, која сега живее во Лондон.

– Кога ги нема, имате чувство на загуба кое дополнително се зголемува ако има недостиг на фотографии. Сфаќате дека спомените стануваат бледа верзија од реалноста со текот на времето – вели таа.

Сега, како мајка на мало девојче, Сетија не сака да мисли дека истото се случува и во други семејства. Затоа таа една година патувала нудејќи да изработува фотографии од баби и дедовци и нивните внучиња.Фотографиите се едноставно магични. „Буквално одам по улици, трговски центри, на железничка станица… па секаде каде што одам, барам постари луѓе и им нудат да ги фотографирам со членовите на нивното семејство како мој подарок за нив. Понекогаш некои мислат дека сум луда, а некои се согласуваат“, вели Сетија. Некогаш кога нуди фотосесија, бабите, дедовците и внуците не поминувале претходно многу време заедно, па овековечувањето на тие моменти е уште поспецијално.

– Неодамна фотографирав прабаба со бебе во Аргентина и малечкото бебе не било во близина на бабата за да се чувствува пријатно со неа. Но, потоа бабата почна да пее стара црковна песна, па се роди насмевка на лицето на бебето – тоа вредеше милион долари. Не знам колку бебето ја разбра песната, но тие во тој момент станаа едно. Беше магично… едноставно магично – додава таа.

Сетија не планира да го заврши овој проект, туку сака да извлече колку што може повеќе радост од оваа активност. Се надевам дека овој проект ќе ги инспирира да си ги фотографираат своите баби и дедовци, како и прабаби и прадедовци со своите деца пред да биде премногу доцна.

Сетија ги објавува фотографиите на нејзиниот профил на „Инстаграм“.

Автор: Британи Вонг

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top