Здравје

Неправилниот распоред на спиење влијае врз однесувањето и развојот на детето

По многубројните борби околу спиењето, многу родители едноставно посакуваат да ги остават децата да заспијат кога ќе сакаат, но постојат огромни предности во доследноста на рутината за спиење и големи недостатоци ако децата не спијат кога ќе посакаат.

Веб-страницата „Модерли“ пренесува дека студија спроведена во Велика Британија ги проучувала навиките на спиење на повеќе од 10 илјади деца на возраст од 3 до 7 години и се утврдило дека децата со неправилен распоред на спиењето имаат повеќе проблеми во однесувањето за разлика од оние што имаат рутина за спиење.

Студијата е објавена во 2013 година во списанието „Педијатрикс“ и открила дека околу 20 отсто од родителите изјавиле дека нивното тригодишно дете нема распоред на спиење. Истражувачите откриле дека децата што немаат распоред во спиењето се помалку среќни и безобразни. Тие резултати се добиени не само од родителите, туку и од учителите што биле дел од истражувањето. Ивон Кели, главен истражувач во студијата, истакнува дека одењето на спиење една вечер во 20 часот, а другата во 22 часот резултира со своевиден „џет лег“ исцрпеност, иако децата добиваат ист број часови за спиење.

„Без никакво качување на авион, телесните состави на детето се мешаат низ различните временски зони, а нивниот деноноќен ритам и хормонски систем го чувствуваат тоа“, објаснила Кели за списанието „Разговор“.

Таа објаснува дека нејзиниот тим пронашол важна вест: тие негативни последици на однесувањето се непоправливи. „Кога децата во студијата преминале од нередовно спиење на рутина за спиење, имало значителни подобрувања во нивното однесување. Тоа покажува дека никогаш не е доцна да се вратат на позитивниот пат, а малата промена би можела да направи голема разлика“, вели таа.

Табела за спиење според возраста.

– Од 0 до 3 месеци – од 15 до 17 часа
– Од 4 до 11 месеци – од 9 до 12 часа + 1,5 до 3 часа во текот на денот
– Од 1 до 3 години – од 9 до 11 часа + 1 до 2,5 часа во текот на денот
– Деца постари од 4 години – од 10 до 13 часа
– Возрасни – од 7 до 9 часа

Во следна студија објавена во 2017 година истражувачите откриле дека неправилниот распоред на спиење не влијае само врз однесувањето, туку ги изложува децата и на ризик од дебелеење, ниска самодоверба, а влијае и врз нивните математички вештини.

Од друга страна, правилниот распоред на спиење може да влијае врз развојот, здравјето и однесувањето на детето. Затоа, следниот пат кога ќе бидете во искушение да му попуштите на детето околу спиењето, сетете се дека ако не го направите тоа всушност го штитите и се грижите за него.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top