Видео од мало бебе како ја прекинува својата мајка додека ја води програмата за временска прогноза е едно од најсподелуваните на „Твитер“.
Прво, затоа што е преслатко, а исто така и затоа што реакцијата на мајката Лесли Лопез е прилично интересна и смешна. Помеѓу бебето и работата, утрата на Лопез се прилично зафатени. Таа снима три временски прогнози пред 6 часот наутро. Како ова да не е доволно импресивно, Лопез во моментот ги доставува овие извештаи од нејзиниот дом, каде што го чува своето бебе, 9-месечниот Нолан.
Во четвртокот малиот Нолан изненадно се појави во текот на временската прогноза што ја водела неговата мајка, лежерно влегувајќи во собата и качувајќи се на нејзината нога, додека таа се смее.
– Изгледа дека има бебе долу. Тој сега почна да оди, па јас изгубив контрола – вели Лопез.
Mr. Friday made a surprise appearance this morning. ?❤️ https://t.co/9mkYDwLJvX
— Leslie Lopez (@abc7leslielopez) January 28, 2021
912