Со години се зборува дека денес има сѐ повеќе дебели деца, а врз тоа влијаат многубројни фактори – од недостиг на физичка активност и премногу време поминато седејќи пред екрани, до изборот и достапноста на брза храна.

Џена Хоуп, нутриционист и мајка, откри некои изненадувачки работи што придонесуваат за дебелината кај децата за кои родителите можеби не се свесни.

Многу родители веруваат дека овошните сокови се добри за децата бидејќи на тој начин добиваат витамини. Сепак, нутриционистот предупредува дека овие пијалаци содржат многу шеќер, па затоа е подобро најмалите едноставно да јадат овошје наместо да го пијат на овој начин.

– Децата не треба да пијат никакви пијалаци освен вода, тоа е едноставна замена. Разбирам дека соковите имаат убав вкус, слатки се, па големи се шансите детето едноставно да ги побара, а родителите не се свесни дека овие пијалаци се лоши. Факт е дека за детето е многу подобро едноставно да јаде јаболко или портокал наместо да пие сок – истакнува Хоуп и додава дека ако детето одбива да пие вода, може да исцедите половина портокал во водата и да направите поздрава алтернатива на сокот.

Некои родители не знаат дека постои поврзаност помеѓу времето поминато пред екран и дебелината и не се работи само за седење.

– Сѐ повеќе деца јадат гледајќи на телефон, што негативно влијае врз регулацијата на апетитот. Кога ќе ставите екран пред детето, неговиот мозок се фокусира на екранот, а не на јадењето. Кога мозокот не е поврзан со храната, има поголеми шанси детето да јаде повеќе – вели нутриционистот.

Хоуп додава дека кога имаме половина сварена храна во стомакот, тоа влијае врз нивото на енергија.

– Ова значи дека детето нема доволно енергија поради тоа, и потоа ќе бара шеќер, што води до еден магичен круг – советува нутриционистот.

Грицки како дисциплина

Нутриционистот вели дека често гледа како родителите им даваат грицки на децата за тие со нешто да се занимаваат. Но, таа смета дека на долг рок тоа е штетно.

Храната како награда

Повеќето родители го прават ова: ги користат благите и грицките како награда за тоа што го бараат мама и тато. Но, нутриционистот вели дека ова е вовед во долгорочни проблеми со храната што можат да доведат дебелеење.

Десерт по секој оброк

На децата, како и на возрасните, им треба одредена количина калории во текот на денот, па да речеме на просечно четиригодишно дете му требаат околу 1.300 калории дневно, а на десетгодишно дете околу 2.000 калории.

Затоа е важно децата да не јадат многу благо, а може да помогне и тоа родителите да не им создаваат навика дека по ручекот може да јадат десерт.

– Дали десертот е навистина неопходен? Децата ќе пораснат мислејќи дека им треба нешто благо по секој оброк, што не е така – вели Хоуп.

Потпирање на автомобили и детски колички

Хоуп истакнува дека прекумерната употреба на колички за бебиња и автомобилите за кратки патувања може да влијае врз зголемувањето на телесната тежина.

– Користењето колички за бебиња и патувањето со автомобил се дефинитивно фактори кои доведуваат до тоа децата да бидат помалку физички активни – вели нутриционистот Хоуп и додава дека семејствата треба да поминуваат време надвор, да одат во паркови, семејни прошетки и да ги охрабруваат децата повеќе да пешачат.

Извор



912

X