Кога мајката Рејчел Ерлс ја отворила својата е-пошта, не очекувала порака што ќе го разнежи целото семејство. Наставничката на нејзиниот син Вајат испратила неколку реченици кои длабоко ја допреле, а видеото во кое Рејчел ја чита пораката стана вирално. На видеото се гледа како таткото му ја прераскажува пораката на синот, додека Вајат срамежливо се насмевнува и гордо ја слуша секоја реченица.
Во пораката наставничката напишала: „Сакав да ви кажам колку ми е драго што го имам Вајат во мојот клас. Тој е тивок лидер кој ги почитува правилата на класот и училиштето. Ви благодарам што го делите вашиот прекрасен син со мене.“
Иако се мали и едноставни, ваквите гестови значат многу за родителите. Во свет полн со оценки и училишни извештаи, слушањето дека учителот го гледа детето како љубезно, одговорно и емпатично носи непроценливо чувство на благодарност.
Видеото предизвика лавина реакции од други родители и учители, кои споделија слични искуства и истакнаа колку ваквите зборови можат да ја зајакнат довербата помеѓу училиштето и семејството.