Игротека

Необично пријателство преку прозорец – девојче и поштарот секој ден танцуваат

Видео го покажува прекрасното пријателство помеѓу едно мало девојче и поштарот.

Секој ден, за време на пандемијата, тригодишната Ејва стои на креветот и гледа низ прозорецот, чекајќи го поштарот Сајмон Иан да пристигне со поштата.

Кога и двајцата ќе се забележат, почнуваат да танцуваат.

– Тоа што е затворена дома за време на пандемијата ѝ претставува тешкотија. Но, таа има пријател. Секој ден, уште откако почна да оди, таа имаше посетител. Неговото име е Иан и тоа е нашиот поштар – пишува нејзиниот татко.

– И секој ден тие танцуваат – пишува тој.

Таткото набрзо почнал да го снима нивниот танц и да ги објавува снимките на „Тик-ток“. Набрзо видеата станаа популарни.

Извор

Поврзани написи

To top