Воспитување

Необични причини поради кои некои татковци го пропуштиле раѓањето на своето дете

Повеќето мажи сакаат да бидат присутни на најважниот ден од нивниот живот и да ја држат партнерката за рака додека го носи нивното дете на свет. Но, за некои тоа не е така.

Акушерката Ана на социјалната платформа „Тик-ток“ ги наведе лудите причини зошто некои татковци го пропуштаат породувањето од партнерките. Ги слушнала од самите татковци и се зачудила.

„Прво отиде да земе храна. Имав пациентка за која знаевме дека наскоро ќе се породи. Му реков дека нема многу време, но тој инсистираше да оди да земе брза храна бидејќи не сака болничка храна. Го пропушти раѓањето на своето дете“, рекла таа.

Друг татко не бил присутен бидејќи го ставил мобилниот телефон на опцијата ѕвонење без звук.

„Сопругата го оставила дома додека не почне породувањето, а тој решил да дремне, па го исклучил ѕвонењето на мобилниот“, се присетила Ана.


Ана во својата кариера се сретнала и со случај на човек на кој му било поважно да ја нахрани мачката, како и некој што ја напуштил породилната сала за да разговара со својата бивша партнерка која била на болничкиот паркинг. „Не знам за што зборуваа, се обидовме да му се јавиме, но тој не одговори“, додала таа.

Видеото собрало 2,8 милиона прегледи, а повеќето гледачи се обложиле дека споменатите парови подоцна се развеле.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top