Мојот двегодишен син ме нарекува „мама“. Многу зборува, па изгледа како да сака да се шегува со мене. Џејмс има карактер како мене – обожава да се шегува, да се смее и секогаш се надева дека некој ќе му се приклучи во тоа. Џејмс веројатно не може да разбере колку сум среќен кога ќе ми рече „тато“. А сигурно и не разбира дека малку ме нервира кога ме вика „мама“.

Знам јас дека тој нема намера да навреди. Во неговата глава „мама“ е еквивалент за „родителот кој го сакам“. Во текот на првата година од животот сопругата и јас ги поделивме домашните обврски и оние околу бебето, бидејќи моравме да работиме. Не бев од оние татковци што само работат, додека единствено мајката е присутна.

И двајцата одевме на работа, но и двајцата бевме присутни. Работам како наставник по англиски јазик, така што сум присутен и навечер го носам в кревет и наутро му давам појадок. Секогаш сум тука.

Па зошто тогаш сум „мама“?

Денес Џејмс и јас заедно бевме во продавница. Им мавташе на другите деца, додека јас им мавтав на татковците. Обично е многу темпераментно дете, но овој пат беше некако изморен. Само викна: „Мамо, држиш, ме држиш“. Сакаше да го земам в раце, па се разбира дека го направив тоа. Со едната рака кај касата ја туркав количката, додека со другата го држев него.

Некој друг татко исто вака ја држеше својата ќерка, која ја довикуваше мајка си. Следуваше одговорот на таткото дека мама не е тука, дека е дома. Девојчето почна да ја бара мајка си и да плаче, иако татко ѝ се обидуваше да ѝ објасни дека во моментот не може да оди кај неа.

Во тој момент Џејмс ме погледна и рече: Таа плаче.

Јас потврдив.

Во автомобилот размислував за тоа девојче. Тоа дефинитивно ја знае разликата помеѓу мама и тато. Не е збунета околу тоа. Го погледнав Џејмс, која седеше на задното седиште, си се насмевнавме еден на друг.

Тој не е збунет. Тој знае кој сум јас, а која е неговата мајка. Но, не му е претерано важно. Да, тој често ми вели  „мама“, и тоа навистина го мисли. Неговата врска со мојата сопруга е посебна и нежна и некогаш му е потребна. Кога вели „мама“, тој мисли на нас двајцата. Бидејќи нè сака двајцата и двајцата му требаме. Кога ноќе плаче по мама, потребен му е кој било од нас бидејќи нè сака еднакво.

Таа му е мама, јас сум му мама и колку повеќе мислам на тоа, сè подобро се чувствувам.

Автор: Ендру Форест

Извор



912

X