Воспитување

Нема повеќе да диплам алишта, да собирам лего-коцки… Овие работи децата можат сами да ги прават

Има многу работи што ги прават добрите мајки. Ги бришат солзите. Даваат совети. Обезбедуваат едукативни програми на телевизија за своите деца. Тие ги знаат омилените ликови на нивните деца и заплетот на нивните омилени емисии. Мајката е секогаш тука кога децата ќе паднат, се расправаат со братот или сестрата или кога сакаат да прочитаат некоја книга. Но, има и некои работи кои се залудни и кои ми се преку глава. Некои работи кои добрите мајки ги прават, но јас веќе нема да ги применувам. Ова се дел од нив:

Нема повеќе бришење на лицето

Уморна сум да бркам мали деца наоколу, да ги сопирам и да им поминувам со влажна крпа по лицата додека пеам песна за да се обидам целиот тој процес да го направам позабавен. Тие можат и сами да си ги избришат лицата. Ќе им дадам салфетка, ќе им кажам да го сторат тоа самите и ќе застанам до нив додека не завршат.

Нема повеќе диплење алишта

Дали знаете за што е потребно мнооогу време? Диплење малечки кошули. Дали знаете што се претвора во неуреден куп од облека? Фиоката е полна со ситни кошули. Моите деца ги отвораат и ги оставаат фиоките во ужасна состојба, а часовите напорна работа што ги вложувам во диплење на облеката се залудни. Па отсега ќе ставам облека во корпи. Потоа можат да седнат пред фиоките, и ако на едно од моите деца му се крене косата што облеката не е здиплена, само нека се погрижи за тоа.

Нема повеќе опседнување со ТВ

Почнав како мајка која велеше дека нејзините деца никогаш нема да гледаат телевизија. Потоа добив голема мачнина во мојата втора бременост, а мојот сопруг пушти некои емисии за деца со кои сè се смени. Сега гледаат „Скуби Ду“ или „Гунис“ и јас не се бунам околу тоа. Едноставно се издигнувам над телевизиските битки кои може да настанат во семејството.

Нема повеќе друштвени игри

Секогаш му кажувам на мојот сопруг дека со причина ги нарекуваат „друштвени“ игри. Знам дека ваквите игри треба да ги научат децата на движења, моторни вештини, броење и фер игра. Не ми е гајле. Тие можат да ги научат тие работи на друго место.

Нема повеќе раскревање лего-коцки од подот

Ги чуваме сите лего-коцки во трпезаријата, па прекрасната трпезариска маса на мојата прабаба стана прославена лего-маса. Има многу, многу, многу лего-коцки, детето влегува во собата, си игра со нив неколку минути, а потоа својата забава ја наоѓа во нивно расфрлање насекаде. Другите деца во мојот дом исто така ги фрлаат лего-коцките. Не ги креваат. Потоа ги носат своите креации во други соби, каде што оставаат коцки и земјата е преполна со „нагазни мини“. Сите се потпираат на добрата мајка за да ги собере. Па добро, јас завршив со собирање на лего-коцките во трпезаријата и завршив со наведнување, собирање и оставање на сите коцки што ќе ги најдам на друго место. Тие можат сами да си ги подигнат своите лего-коцки кога ќе останат без „градежен материјал“.

Нема собирање пластични диносауруси

Целата мезозојска ера живее во огромна жардиниера во собата за играње. Моите деца сакаат да си играат со пластични диносауруси. Ги редат. Создаваат сложени сцени со нив. Но, и ги оставаат на подот. И тогаш доаѓа мама и ги зема за да не се убие сопнувајќи се на нив. Нема повеќе. Тие можат да си ги земат своите диносауруси сами, или јас ќе ги фрлам нив и сите нивни „дино-деца“ во големата корпа за отпадоци во кујната.

Нема повеќе тепачки

Со три момчиња, некој постојано се расправа во мојата куќа. Не мислам да потрошам ни грам енергија на овие кавги. Мислам на непрестајно скокоткање, тркалање по подот, врескање, тепачка од типот на клоцање. Секогаш им велам: „Ако играте така, ова ќе заврши со плачење“. Ме игнорираат. Некој завршува со плачење, како што реков. И мајката сега треба да одреди кој е виновен, а кој е невин. Отсега сите ќе одат во посебни соби додека не престане врескањето, а потоа ќе можат да излезат и да се гушкаат.

Па еве, завршив. Сакам да бидам мајка, а уште повеќе сакам да бидам мајка која останува дома. Но, ми се гади од залудните задачи на мајчинството. Затоа не ги правам. Децата можат сами да го направат тоа или едноставно нема да се направи. И мене тоа не ми пречи.

Автор: Алиса Скали

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top