Игротека

„Уште само пет минути“ значи сè освен „Уште само пет минути“. Совети што нема да ги најдете во прирачниците

Книгите за нега и воспитување на бебињата често не содржат информации за забавните, неодоливи и симпатични ситници што обично го прават животот на семејството.

Дури ни оние што се родители по втор пат не се сеќаваат на деталите што може да станат најголема загриженост во животот на двегодишникот, на пр., секогаш да имате лижавче во близина или шарената чаша што ја користи детето и што едноставно не смее да се изгуби.

Мајката блогерка Дениз Стрик опиша неколку необични ситуации во кои се нашла со своите деца и со тоа се обиде да им помогне на другите родители.

– Ако исчезне чашата на детето, оставете сè и почнете да ја барате.

– Никогаш, ама никогаш, не оставајте ги фломастерите без надзор.

– Ако играчката е гласна во продавница, дома ќе биде уште погласна.

– „Уште само пет минути“ значи сè освен „Уште само пет минути“.

– Ако детето денес сака одредена храна, тоа не мора да значи дека ќе ја сака и утре.

– Кога се обидувате да направите фотографија од децата, секогаш кога едното дете ќе се насмее, другото ќе трепне.

– Заклучувањето на вратата е многу поедноставно од објаснувањето на децата што правеле мама и тато.

– Колку подоцна заспиете, толку порано вашето дете ќе се разбуди.

– Секогаш бакнете го коленото за да помине, дури и кога нема гребеница.

– Ножиците не смеат да бидат во видливото поле на детето.

– Оној момент кога ќе сфатите дека вашето дете е необично тивко, ќе сфатите и дека веќе е доцна…

– Маж на патување = дете со висока температура.

– Оној ден кога дома нема да имате ниедна пелена, тогаш ќе ви биде најпотребна.

– Секогаш со себе носете лижавче.

– Ако кажете нешто лошо за некого, вашето дете ќе го најде најоригиналниот начин да ѝ го соопшти тоа на личноста.

– Со децата белата облека и белите обувки никогаш не се бели.

– Секогаш преправајте се дека ги јадете замислените или пластични сендвичи што детето ќе ви ги „приготви“.

– Колку е поскапа играчката што ќе ја купите, толку е поголема веројатноста брзо да се расипе.

Автор: Дениз Стирк
Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top