Здравје

Неколку работи што ненамерно можат да го забават породувањето

Ако сте се породиле, знаете колку може да биде болно породувањето и единствено што сакате во тие моменти е да заврши што поскоро. Но, според експерт за породување и дула, постојат неколку работи што всушност го забавуваат процесот и го прават уште понепријатен.

Емили им има помогнато на многу семејства и родители со едукација за породувањето, а споделува и корисни информации на нејзиниот инстаграм-профил.

Според неа, една од работите што може да го забават породувањето е силното осветлување. Истражувањето на Универзитетската болница во Јужен Манчестер го потврдува тоа и затоа е најдобро да се избегнува вклучувањето на сите светла.

Следното нешто, вели Емили, се непознатите личности. Породувањето е многу интимен процес и ако сте опкружени со луѓе кои не ги познавате толку добро, ќе бидете помалку опуштени.

Емили понатаму додава дека породувањето се забавува и со излегување од дома и одење во болница, како и со нејадење и непиење, полн мочен меур, претходна траума и положбата на бебето.

– Ако имате барем една позната личност покрај себе, тоа може многу да помогне. Следно што ве советувам е да побарате друга бабица доколку таа што моментално се наоѓа во вашата соба не ви испраќа добри вибрации – вели таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top