Игротека

Неколку идеи за здрав појадок

Со оглед на тоа што денес живееме со забрзано темпо, тоа воопшто не им го олеснува на родителите приготвувањето здрав појадок. Затоа, во продолжение ви нудиме неколку брзи и здрави идеи за појадок што лесно се приготвуваат и се совршени за наутро.

Појадокот е исклучително важен оброк за децата бидејќи им ја обезбедува енергијата потребна за концентрација, учење и активности во текот на денот. Децата што редовно појадуваат имаат подобри когнитивни функции, подобро се снаоѓаат на училиште и имаат помала веројатност да бидат уморни или раздразливи. Прескокнувањето на појадокот може да доведе до прејадување подоцна во текот на денот, што го зголемува ризикот од прекумерна тежина и други здравствени проблеми.

Еве неколку идеи:

Овесна каша

Овесната каша има низок гликемиски индекс, богата е со влакна и многу заситува, што ја прави совршен избор за студените зимски утра. Подготовката однапред ги олеснува работите: навечер во овесот ставете млеко и оставете го во фрижидер. Само загрејте го наутро и додајте малку мед, овошје (како банана, суви брусница, сечкани кајсии или рендани јаболка), јаткасти плодови или зачини како цимет.

Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини и ве одржуваат сити до ручек. Со мало планирање, можете однапред да го подготвите овој појадок.

Пробајте ги мафините со јајца: истурете ги изматените јајца во калап за мафини (по едно јајце по мафин), додајте сечкан зеленчук, малку шунка или сирење и зачини. Се пече во рерна 10-15 минути, се лади и се чува во фрижидер. Следното утро можете да ги јадете ладни или повторно да ги загреете.

Јогурт

Јогуртот е брз и хранлив избор, а особено е богат со калциум. Ако ви треба додаток на протеини, изберете грчки јогурт. Додајте овошје, јаткасти плодови или семки за да го направите нутритивно побогат. Можете да го комбинирате и со домашна гранола или мусли за избалансиран појадок.

Смути

За оние што сакаат течен појадок, смутито е идеално решение. Комбинирајте овошје по ваш избор, јогурт, малку млеко, семки или дури и грст спанаќ за дополнителни хранливи материи – ветуваме, нема да го вкусите спанаќот!

Пробајте здраво смути од чоколадо-банана: измешајте банана, какао во прав, млеко и малку мед за сладок и хранлив почеток на денот.

Здрави мафини

Подгответе домашни мафини со висока содржина на влакна. За природна сладост користете трици, интегрално брашно и овошје. Овие мафини се погодни за брзо утринско освежување.

Извор

Поврзани написи

To top