Воспитување

Некои жени понекогаш само седат во автомобилот – веројатно се мајки

Ако сте вработена мајка која треба да вози до работа, веројатно сте останале во автомобилот пет минути подолго отколку што треба само за да се одморите од сите. Тоа се тие 5 минути што ни се потребни на сите, но како мајки ретко ги добиваме. Затоа „крадеме“ можности.

Некој се заклучува во бањата и седи малку подолго, а некој „малку подолго бара паркинг“. Всушност, веднаш сме нашле место за паркирање, но се одмараме во автомобилот.

На сите им треба одмор. И физички и психички. А кога си вработена мајка која има и семејство и по работа те чека „неплатената работа“ за одржување на куќата, не е ни чудо што си преморена.

Треба да направите ментална пауза од работата за да ја преземете другата улога што ве очекува дома. Местото каде што не сакате да ја пренесете сета фрустрација што ја носите со себе како куфер од работа. Мајките обично го прават ова одмарајќи се во автомобилот.

Иако многу луѓе сметаат дека патувањето до работа е губење време, тоа не мора да биде така. Времето поминато на пат до работа и до дома позитивно влијае на два когнитивни процеси: психолошко одвојување од работната улога и психолошко закрепнување од работата. Наполнете ги менталните батерии што ги трошевте осум часа на работа.

Ако сакате да се одморите, многу е подобро да ве возат отколку да возите самите. Кога пасивно седите во автобус или трамвај, ќе се одморите повеќе отколку кога активно возите автомобил. Возењето е заморно за умот, особено кога има метеж во сообраќајот, кога сите се туркаат, свират и генерално создаваат атмосфера од која сакате да избегате. Затоа, подобра опција е да одите по подолга и помалку заморна маршрута, каде што нема толку метеж, отколку да одите по најкратката патека каде што има многу сообраќај.

За време на пандемијата родителите работеа од дома, каде што границата помеѓу работата и семејниот живот одеднаш исчезна. Не е изненадување што многумина едвај чекаа да се вратат в канцеларија. Им недостигаше душевен мир за да ги завршат сите деловни задачи, но и тој временски период кога не прават ништо додека патуваат помеѓу две локации и две улоги. Ако вашето патување до работа не е долго, можеби можете да прошетате 20 минути по работа за ментално да се ослободите пред да влезете во домот. И можете да седите малку во автомобил и да се одморите кога паркирате.

Одговарајте на пораките на пријателите, „скролајте“ на социјалните мрежи, јадете чоколадо… ништо нема да се случи ако дома ве почекаат уште малку.

Автор: Барбара Сладе Јагодиќ

Извор

Поврзани написи

To top