Во еден од становите каде што живееја над нејзиниот кревет висеше полица.
Стара и испукана, висеше на два криви клинци, прилично извлечени од ѕидот.
Секоја вечер се плашеше полицата да не ѝ падне на глава.
Среде ноќ, додека спие.
Им кажа на мајка ѝ и татко ѝ да ја тргнат, но тие сметаа дека не треба.
Се чинеше дека сѐ беше до полицата, а не до стравот.
Како да не се работи за вештерки кои само јас ги гледам.
Со кои останувам сама, бидејќи никој друг не ги гледа.
И не можат да ме одбранат.
Ниту пак ми помагаат да научам да се бранам.
Решила да ги земе работите во свои раце.
И кога шестгодишно дете ќе донесе одлука, тоа е обично ирационално.
Служи за да преживее.
Затоа решила да спие на еден агол од креветот, на оној на кој полицата, доколку падне, нема да може да ја дофати и да ја поклопи.
Се разбудила со вкочанети мускули, имала чести главоболки, болки во нозете и во рацете.
Рекле дека е од растот.
А тоа беше од теснотијата и вкочанетоста на едниот агол од креветот.
Заспиваше загрижена дека ќе направи погрешен чекор по што ќе следува удар во главата.
И тоа стана нејзината нова природа.
Така таа продолжи да живее и откако го сменија станот и ги сменија и креветите и полиците.
Така живее денес, со застрашувачки страв од грешка и катастрофа.
Ги преживува деновите.

И, се разбира, со годините, сѐ потешко е да се живее со избирање на најбезбедното можно катче каде што ништо нема да ве удри во главата или срцето.
Тој тесен простор станува место на бездомништво.
И, се разбира, полицата не беше важна.
Детето ги става некаде своите вештерки за да се бори со нив.
Стравот од ќотекот на татко ѝ, и караниците на мајка ѝ и татко ѝ, и плачот на мајка ѝ, и кршењето на чашите и беспомошноста што ја чувствуваше, го стави на оваа полица, затоа што, тие беа толку преокупирани со нивните маки што не ја слушаа.
И не ја видоа.
Беспомошност,
она: не ме слушаат и не гледаат,
она: никој не ми верува дека навистина се плашам,
се кошмари на секој човек.
И повеќето од нашите деструктивни стратегии за преживување доаѓаат од тие дупки во градите.
Понекогаш се избегнува голема штета кога стравот на своето дете се сфаќа сериозно.
Без тоа: немате причина да се плашите!
Понекогаш стравовите на детето служат само за да се знае дека некој е таму.
Да го види и слушне.
Растењето е тешко.
Нè обвива од сите страни за да нè формира во возрасна личност.
Многу е полесно кога знаеме дека некој е таму и ги гледа тие наши вештерки кои нè плашат.
Па дури и да се целосно невидливи.
Зашто, во спротивно, остануваме сами со нив.
Засекогаш.
Автор: Лилјана Милиќ, тренер за личен развој