Воспитување

Некаде по патот многу погрешивме

Некаде по патот направивме голема грешка.

Прерано ги одвојуваме децата од нивните мајки.

Осум часа дневно еден учител воспитува на 15 деца. Родителите ги гледаат половина помалку време.

Ги слушаме како плачат и ги убиваме нашите сопствени инстинкти, бидејќи ни рекле дека тоа е нормално и мора така да биде.

Очекуваме да јадат, спијат, растат, лазат и одат по таблички и графикони, а не знаеме како да препознаеме што значи нивниот плач.

Очекуваме да заспијат кога сакаме, да престанат да плачат кога сакаме, да се разбудат кога сакаме и да ги тргнат пелените кога ние сакаме.

Поминуваат повеќе време на тренинзи, јазици, курсеви и лекции отколку во прегратки и бакнежи.

Гледаме слатки бебиња и медени кутриња на интернет, а своето го бркаме за да не ни пречи.

Поминуваме повеќе време пред екранот отколку играјќи си со децата, а потоа се жалиме кога децата не сакаат да се дружат со нас.

Имаме право да грешиме, да бидеме нервозни, да викаме и да се лутиме, но истото не го толерираме кај децата.

Живееме за да работиме, не работиме за да живееме.

Поминуваме повеќе време во текот на денот со колегите отколку со членовите на семејството.

Ќе потрошиме многу пари за чевли, куќа со сите уреди и автомобил со далечински управувач, но немаме време за заеднички ручек.

Плачеме за нашето детство, а децата ги замолчуваме, ги плашиме, ги забавуваме, им се закануваме.

Подоцна се прашуваме каде погрешивме.

Не успеавме како човештво. Го промашивме целиот гол.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top