Здравје

Недостигот на татковска фигура или нарушените односи со таткото се во 99 отсто од случаите коренот на нарушувањето во исхраната

Д-р Весна Даниловац од Србија, лекар по општа медицина и психотерапевт – едукатор, зборува за значењето на улогата на таткото во растењето на детето. Што би требало таткото да претставува во животот на своите деца, а што во животот на својата сопруга и како неговото отсуство или недоволно присуство влијае врз семејството – се некои од прашањата на кои д-р Даниловац дала одговор.

– Нашите татковци, односно ако гледаме од улога на жена, нашите партнери, се скапоцени. Таткото е важен фактор во семејството, поради тоа што претставува столб на семејството. Тој е оној што е носител на сето она што е тешко. Мора да биде тука за работите кои мајката баш и не може секогаш да ги постигне. Од него очекуваме со својот пример да покаже дека можеме да се потпреме на него и дека е секогаш тука за своите деца и својата сопруга – вели д-р Даниловац.

Низ времето и вековите улогата на таткото секогаш била примарна, објаснува таа.

– Можеби денес тоа нема такво значење. Но, баш затоа некои улоги се изгубиле, а ни семејствата не се функционални како што биле. Таткото е задолжен за сигурноста на семејството и тоа е неговата улога. Ако таткото има самодоверба, ако е сигурен, ако донесува свои одлуки, умее да процени што е добро за неговото семејство и има храброст да го спроведе тоа, децата ќе ја доживеат сигурноста на својот татко. А потоа ќе го пренесат тоа, на несвесно ниво, и во својот живот. Тоа се нарекува несвесен животен план – објаснува д-р Даниловац.

Таа додава и дека ќерките преку фигурата на таткото ги одбираат своите партнери и затоа е важно односот ќерка-татко да биде поддржувачки, искрен и полн со доверба и почит. Бидејќи тогаш ќерката тоа ќе го очекува и ќе го бара од својот партнер.

На што уште се одразуваат лошите односи со таткото

Д-р Даниловац говори и за своето искуство и вели дека во 99 отсто од случаите причина за нарушувањето во исхраната се и некои нарушени односи со таткото. Таткото можеби отишол во друго семејство. Можеби е перфекционист и има големи очекувања. Понекогаш и недостигот на фигура на татко (смрт) доведува до ова нарушување, исто како и агресија од страна на таткото или негов презаштитнички став.

Д-р Даниловац повеќе пати напоменува дека создавањето чувство на сигурност во семејството е најважната улога на таткото. Таа вели дека со фигурата на татко може да биде поврзана дури и проблематиката која ја имаме во врска со ‘рбетниот столб. Па тоа може да се различни дискус-хернии, болки во грбот, вратните пршлени, она што го имаме како слабост. „Тоа е таа психосоматика, каде што голем број наши болести всушност имаат корен во нашиот психолошки и емоционален аспект од животот“, заклучува таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top