Игротека

Не влегувај, освен ако крвавиш или има пожар. Татко што работи од дома ставил знак за децата

Дејвид Кул, како и многу родители, ја приспособува својата нова канцеларија во домот, а на сето тоа се приспособува и неговото семејство.

– Имам 3 деца на возраст од 6, 10 и 11 години, и ми се допаѓа што сум татко кој работи од дома. Тоа ми дава голема флексибилност. Но, балансирањето на семејниот живот во текот на работниот ден понекогаш е вистински предизвик. Се обидовме да поставиме неколку параметри за тоа – рекол Кул.

фото извор: Wink News

Фотографијата ја покажува неговата порака до децата. Може да се види и како децата ѕиркаат низ вратата од неговата домашна канцеларија, а на вратата се гледаат големите букви „Не влегувај“. „Им реков – ако влезете внатре за време на важен состанок, ќе го изгубите времето поминато пред екраните за 2 дена – а потоа одредив прашања што би ги поставиле, па напишав одговори на прашањата на самиот знак“, вели Кул. Меѓу одговорите се нашле „Не“, „Освен ако не крвавиш“, „Прашај ја мајка ти“ и други.

фото извор: Moms.com

– Времето пред екран е најважната работа за моите деца, па тоа е крајната казна“, вели Кул.

Тој работи од дома откако почнал на ново работно место. Фотографијата има над 2 милиона прегледи и 35 илјади лајкови.

– Мислев дека луѓето бараат лежерност, а тие барале нешто за да се насмеат. Сите поминуваме низ слично искуство, зарем не? – рекол таткото.

Автор: Џек Ловенстин

Извор

Поврзани написи

To top