Д-р Амна Хусеин, која е педијатар, а воедно и мајка, во нејзиното тик-ток видео објаснува за советот што најмногу ги нервира мајките, а сите често го даваат.
Д-р Хусеин објаснува дека реченицата: „Спиј додека спие бебето“ воопшто не им помага на мајките и објаснува зошто овој совет не е добар и не треба да го кажувате.
Кога една млада мајка се жали дека ѝ е тешко и дека е неверојатно уморна, обично лекарот ја кажува класичната реченица „Спиј додека спие бебето“. Д-р Хусеин има одговор на ова: „А кога да јадам? А кој ќе ги измие шишињата? Кој ќе среди алиштата? – прашува оваа докторка.
Во описот на нејзиното видео таа додаде: „Кога ќе се најдеш во оваа ситуација, ќе ти биде јасно.“
Другите родители веднаш одговорија со коментари, поддржувајќи ја лекарката.
– Не секој може во истиот момент да заспие и да се разбуди по 30 минути. Сето тоа изгледа многу посмешно кога имате и други деца. Добро, ќе дозволам моето двегодишно дете да ја запали куќата додека јас спијам со бебето – е еден од коментарите.
– Кога бебето спие 45 минути, а јас ќе отспијам 35 минути, се чувствувам уште поуморна – додава друг.