Воспитување

Не треба да го присилувате детето да се извини

Малите деца жестоко се борат против сѐ што не им се допаѓа. Понекогаш тоа значи дека тие имаат напад на бес во одделот за слатки во маркет, понекогаш ќе се скараат со братот или сестрата и слично. Во такви ситуации родителите често го принудуваат детето да се извини кога ќе се смири, што не би требало да го прават, вели терапевтот и експерт за мали деца Дина Марголин.

„Гледате дека вашето дете ненадејно ја удира својата сестра. Потоа само се враќа на своето место и се прашувате што се случило. Дали вашето дете е психопат? Дали воопшто не му е грижа што повредило некого?“, изјавила во објава на „Инстаграм“ во која се обидела да појасни дека, и покрај нашите инстинкти, не е во ред да ги принудуваме децата да се извинуваат.

Се разбира, децата не се психопати, а родителите треба да ги научат на емпатија и дека не можат физички да повредуваат други лица. Но, принудувањето на извинување не е начин, смета Марголин.
„Не сум за присилно извинување. Тоа може да предизвика срам и чувства кои целосно го спречуваат секое учење и развој кај децата“, додава терапевтот.

„Принудата на извинување е всушност нешто што ќе нѐ направи среќни нас, родителите. Тоа не е да ги поучуваме или да им даваме емоционални алатки на нашите деца. Наместо тоа, фокусирајте го детето на фактот дека и другото дете има чувства. Покажете му дека чувствата можат да се променат и тоа со внимание и со љубов, дека можеме да им помогнеме на другите да се чувствуваат подобро. Децата сакаат да бидат вклучени, а не да им се кажува што да прават. Најдобар начин за поучување е да ги вклучите“, посочува Марголин.

Сето ова ќе му помогне на детето да изгради внатрешна мотивација, така што еден ден самото ќе каже „извини“ без наша интервенција.

Извор

Поврзани написи

To top