д-р Андреа Николова-Пауновиќ, матичен лекар

д-р Андреа Николова-Пауновиќ, матичен лекар

Поликлиника „Жана“ во Неготино
е-пошта: poliklinika.zana1@yahoo.com
тел. 075 555 512

Повеќе од авторот

Децата брзо губат течности, имаат чести проливи и повраќања и лесно дехидрираат

Овој период од годината имаме зголемен број на пациенти со гастроентероколити – стомачни вируси. Малите пациенти често се подложни на стомачни вируси. Тоа се должи на блиската комуникација со своите другарчиња во градинка, на променливото време и ставањето в уста храна која често не е добро измиена (скришно од очите на родителите).
Децата брзо губат течности, имаат чести проливи и повраќања и лесно дехидрираат.
Кај нас во амбуланта доаѓаат со веќе примени електролити. Родителите веќе презеле дел од примарната терапија и не згрешиле, но премаленоста е симптомот кој ги алармира да ги донесат на преглед.
Брзата диференцијална крвна слика често ни укажува на вирусно потекло на инфекцијата, а урина со присуство на кетони – на дехидратација.
Начинот на кој ги лекуваме инфекциите обично е со рехидрирање, витаминска терапија и внес на електролити. Ретко се случува да имаме посериозни случаи, деца со високи температури и да ги препратиме на повисоко ниво на лекување.


За жал, во нашиот град нема вирусолошка лабораторија и не ги изолираме вирусите, но за среќа главно се работи за заболување кое релативно брзо поминува и ретки се случаите кога ги препраќаме на дополнителни испитувања.
За крај да напоменам дека многу е битен начинот на исхрана во деновите со ова заболување. Мојот совет е: Не форсирајте ги децата сосила да јадат! Доволни се чести оброци (варена храна како компир, ориз, супа), количински да се мали оброците, како и овошје и зеленчук и доволно течности во текот на денот. Раздразнетиот желудник и цревата од проливот и од повраќањето си бараат време за да се обноват, а со наглите и обемни оброци само повеќе се влошува состојбата.
Пробиотици треба да се консумираат за време и по заболувањето за да се обнови нормалната микрофлора на цревата.



912

X