Здравје

Не се сите деца поштедени од коронавирусот

Како што расте бројот на заболени од Ковид-19 во светот, една опсервација покажува дека децата веројатно во голем дел немаат голема штета од болеста. Но, нова студија посочува дека не се поштедени сите деца – мал процент од нив развиваат сериозна болест од вирусот.

Студијата била објавена на 16 март и е најголемата што досега ги испитува влијанието и сериозноста на Ковид-19 кај децата. Истражувачите анализирале информации од повеќе од 2 илјади потврдени и сомнителни случаи на Ковид-19 кај деца, кои биле регистрирани од страна на Кинескиот центар за контрола на зарази и превенција, во периодот помеѓу 16 и јануари и 8 февруари.

Новата студија открила (што се потврдува и од претходните анализи) дека повеќе од 90 отсто од децата имале блага или средна клиничка слика. Децата имале симптоми како треска, кашлица, болка во грлото, течење на носот, кивање и понекогаш пневмонија. Но, околу 6 отсто од децата развивале сериозна или критична болест, со симптоми како недостиг на воздух и хипоксија, или ниски нивоа на кислород во органите.

Во ретки случаи децата развиваат синдром на акутно респираторно нарушување, живото-загрозувачка состојба која го спречува кислородот да дојде до белите дробови и во крвотокот. Момче со Ковид-19 починало токму од ваква болест, според известувањето на „Њујорк тајмс“.

– Она што оваа студија ни го кажува е дека болниците треба да се подготват и за пациенти кои ќе бидат сместени на педијатрија, бидејќи не може целосно да се исклучат децата од оваа пандемија – истакна д-р Сринивас Мјурти, професор по педијатрија на Универзитетот на Британска Колумбија, кој не бил вклучен во студијата, но изјавил за „Тајмс“.

Во студијата, бебињата и многу малите деца биле средно ранливи на Ковид-19. Од 125. деца што развиле средна клиничка слика, повеќе од 60 отсто биле на возраст од 5 години или помали. Една од ограничувачките црти на студијата е дека не сите од пријавените детски случаи биле потврдени дека се со Ковид-19. Околу 34 отсто биле потврдени, додека за другите се сметало дека имаат Ковид-19 врз основа на симптомите, резултатите од рендгенските снимки на белите дробови и крвните анализи, како и од тоа дали детето имало контакт со заболен од Ковид-19.

Одделна студија за случаи на Ковид-19 во САД открила дека помеѓу 500-те пациенти што се знае дека биле хоспитализирани, помалку од 1 отсто биле на возраст од 19 години и помлади. Спротивно на тоа, речиси 40 отсто биле на возраст од 20 до 54, додека 52 отсто биле на возраст од 55 години и постари. Ова покажува дека средна до сериозна клиничка слика може да се случи кај возрасните на секоја возраст, напишале авторите во студијата, објавена на 18 март.

Автор: Рејчел Ретнер

Извор: livescience.com

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top