Еден ден тие ќе научат за лошите работи. Ако сме реални, светот е полн со нив. Од почетокот сакав да им го всадам доброто, да ги научам на разликата помеѓу доброто и злото, да ги научам да го усвојат само она што е добро и дека тоа е спротивно на лошото.
Им дозволувате ли на вашите деца да гледаат сè што сакаат? Мислам на телевизиската програма, се разбира. Внимавате ли какви цртани и серии гледаат? Јас внимавам. Мислам дека им е подобро без цртани полни со насилство, искривени и погрешни вредности и слично. Ние веднаш одлучивме: нема да им дозволиме да гледаат насилни, понижувачки и слични содржини. Само конструктивни, позитивни, оние што можат да ги научат на вистински, правилни и пожелни вредности. Тоа значеше дека моравме да седиме со нив и буквално да го гледаме сето тоа заедно, и потоа заеднички да разговараме:
„Гледаш, ова е погрешно\лошо\неприфатливо… или „Види вака треба, ова е добро, исправно…“
Ликовите од цртаните филмови за децата претставуваат примерни личности, наставници, пријатели
Кога на дете од двегодишна возраст се обидуваш да му укажеш на нешто такво, се наоѓаш на непозната територија. Не си сигурен колку од тоа што му го зборуваш ќе разбере. Треба време, труд и контрола за да дојдете до она ние што го постигнавме, а тоа е детето само да дојде до нас со далечинското и да каже: „Мама/тато, сакам друг цртан филм, овој е лош“, или само да си најде нешто друго да гледа.
Децата се поистоветуваат со ликовите од цртаните филмови, мислам дека нашата одлука донекаде ни помогна во воспитувањето бидејќи преку ликовите од цртаните филмови и нивните постапки на нашето дете му ги укажавме и доброто и лошото. Знаеме дека децата се поистоветуваат и ги имитираат ликовите од цртаните филмови, па одлучивме да му ставиме крај на тоа уште од почетокот, додека не беше излезено од контрола. На поголемото дете не му требаше многу време за да научи, а помалата сè уште е мала, но учи од него. Седиме во дневната соба и гледаме телевизија, па ако почне некој „лош“ цртан, веднаш покажува со прстот кон телевизорот и испушта некаков звук, како да кажува: „Види мамо, неубав цртан. Исклучи го“.
Понекогаш го носи и далечинскиот управувач и ми го става во скутот. Знам дека сè уште е мала, но таа знае. Знам дека знае по нејзините постапки. Таа има 16 месеци, не би го правела тоа ако не знае. Истото се случуваше и со поголемото дете. Исто го учевме, и исто реагираше.
Мислите дека ги оптоварувам своите деца и дека тоа за нивната возраст е премногу. Верувајте ми, не е. Го гледам тоа секој ден, омилено ми е кога возрасните на поголемите деца им ги објаснуваат овие работи. Гледам како ги отвораат очите и ја отвораат устата. Тоа ми кажува доволно.
Автор: Марина Крешо Матиќ