Воспитување

Не сака да ги замени колегите: „Не сум јас виновна што имате деца“

За божиќните и новогодишните празници некои родители земаат годишен одмор за да отпатуваат некаде, додека трае училишниот распуст, или едноставно за да го поминат со своите деца. Сепак, инфлуенсерката од „Тик-ток“, Кели, смета дека родителите не треба да имаат приоритет кога се во прашање празниците.

„Ако некој со кој работите е првиот што ќе побара одмор или слободни денови, извинете, ама немате среќа“, вели таа во виралното видео.

Кали верува дека родителите не можат да имаат предност на работа „само затоа што имаат деца“. Инаку, ова не ѝ е прво видео на оваа тема. Во една пригода се пожалила на колешка која ја молела да ја замени смената затоа што сакала да го помине Денот на благодарноста со своите деца.

„Ги резервирав слободните денови една година однапред. Се скаравме затоа што одбив. Менаџерот ми пријде и ме праша дали можам да ѝ дадам слободни денови, но јас решително повторив: не. Тој потоа се налути и ми кажа дека таа е мајка и затоа заслужува да биде со децата“, раскажала Кели.

Очекувано, нејзиното контроверзно објаснување предизвикало дебата на социјалните мрежи. Некои застанале на нејзината страна, а други биле шокирани од таквиот став.

„Родителите се група на луѓе со најмногу права на работното место“, коментирало едно лице.

„Не очекувам да ми се даде приоритет затоа што имам деца, но и не треба да се очекува дека мојата работа ќе биде приоритет пред моите деца“, вели друго.

Извор

Поврзани написи

To top