Сакате бебе, но тешко ви оди забременувањето? Овие тестови и методи можат да ви помогнат со сигурност да ги одредите плодните денови и брзо да ја постигнете целта.
На пазарот има голем број производи со кои можете успешно да го откриете најплодниот период од циклусот. И сите тие работат на сличен принцип како и тестовите за бременост: ја мерат концентрацијата на хормонот што се лачи непосредно пред овулацијата во урината или плунката. И она што е најважно – тие се достапни и можете успешно да ги користите.
Овулациски тестови: LH-ленти
Лентите за овулација работат на истиот принцип како тестот за бременост, но тие мерат различен тип на хормон во урината.
Бидејќи хормонот LH (лутеинизирачки хормон) се активира за време на овулацијата, врз основа на концентрацијата на овој хормон во телото на жената може да се утврди кога настанала овулацијата. За време на секоја овулација, концентрацијата на хормонот LH се зголемува, достигнувајќи го својот максимум помеѓу 24 и 48 часа пред овулацијата. Со помош на тестови за овулација кои можете да ги најдете во аптека, жената лесно може да ја измери концентрацијата на LH-хормонот во урината. За тоа служат тест-лентите, а резултатот може да се прочита по неколку секунди. Тестот можете да го направите во секое време од денот. Откако ќе се утврди зголемување на хормонот LH, повеќе не е неопходно да се повторуваат тестовите. Сепак: добро е да знаете кога почнува вашиот циклус. Циклусот започнува на првиот ден од менструацијата и завршува на првиот ден од следната менструација. Овулацијата се јавува 12 до 16 дена пред следната менструација. Жената може да направи тест за овулација во овој временски период. Како и кај тестовите за бременост, постои контролно поле кое покажува дали тестот е направен правилно. Се појавуваат две линии и ако долната линија е видлива како контролната линија, или уште повидлива, LH-хормонот го достигнал својот максимум и овулацијата ќе се случи во следните 24 до 28 часа. Шансите за зачнување се најголеми на денот кога порастот на LH-хормонот е најголем.
Дигитални тестови за овулација
Дигиталниот тест не се разликува многу од LH лентите, така што и во овој случај ви треба примерок од урина.
Дигиталниот тест работи на истиот принцип како и обичниот тест. Предноста е дигиталниот дисплеј на кој се појавува мало јајце кое покажува дали вредноста на LН-хормонот е зголемена. Повеќе не треба да се мачите со толкувањето на линиите. Ваков тест можете да гдобиете и во аптеките, но е малку поскап од лентите.
Монитори за следење на плодноста
Овие монитори ги следат вредностите на концентрацијата на естрогенот и LH-хормонот.
Мониторот за плодност е еден од понапредните методи за одредување на плодните денови. Производителите тврдат дека тестовите докажале дека шансите за зачнување веќе се зголемуваат на околу 89 отсто во текот на првите два циклуса во кои се обидувате да забремените.
Бидејќи уредот го чита и зголемувањето на естрогенот, покрај двата најплодни дена, тој покажува и до пет последователни дена во кои може да дојде до зачнување. И тука се потребни ленти за урина, со кои мониторот за плодност може да ги обработи вредностите на концентрацијата на естрогенот и LH-хормонот. За овој тест треба да се користи утринска урина. Знакот на екранот покажува каква е плодноста во тој момент.
Покрај тоа, уредот покажува на кој ден треба да се направи тестот. Исто така, жената може да внесе податоци за циклусот.
912