Кога мајката вели дека е уморна, тоа е сѐ што мисли! Не вели дека сака да го остави своето дете и да заборави дека постои.

Кога мајката вели дека сака да помине време насамо, тоа е сѐ што мисли! Не вели дека се кае што е мајка и дека мајчинството е грешка во нејзиниот живот.

Кога мајката вели дека ѝ е потребна помош за да ги заврши работите, тоа е сѐ што мисли! Не вели дека е неспособна.

Кога ќе влезете во дом на мајка и ќе видите неуредна куќа, тоа не значи дека таа куќа секој ден е неуредна.

Кога мајката вели дека би сакала да излезе со пријателките, тоа е сѐ што мисли! Таа не сака да биде слободна и да не биде мајка.

Кога ќе слушнете како мајка вреска, тоа не значи дека таа постојано вреска. Веројатно 300 пати го кажала истото со нормален глас.

Кога ќе видите нервозна мајка, на работ од лудило, не значи дека секој ден е во таква состојба.

Постои цел контекст, цела ситуација.

Кога мајката прави тестенини за вечера, тоа не значи дека прави тестенини секој ден од неделата и дека нејзиното дете не ги познава овошјето и зеленчукот.

Не измислувајте невистини за да осудите некој, особено не жената што секој ден, постојано, се откажува од сопствениот живот за да го живее животот на друго суштество за кое знае дека е многу поважно од неа.

Не постои човечко суштество во светот кое е способно да се откаже и да вложи толку многу колку што е способна мајката.

Мајките заслужуваат многу разбирање и помалку судење.



912

X