Воспитување

„Не плачи, не ти е ништо“ и други фрази. Како да воспитате храбро дете?

Паѓањата, ударите, понекогаш скршената коска и исечениците – сите тие се „нормални“ појави што го следат растењето на децата. Од тоа како вие реагирате во овие ситуации зависи во каков човек ќе порасне вашето дете, сметаат научниците.

Ставот  – немој да драматизираш, не ти е ништо, кон кој многу родители се придржуваат уверени дека му помагаат на детето да порасне во силен човек, излегува дека е погрешен.

Психотерапевтот и автор на книгата „Што би сакале да имаат прочитано вашите родители“, Флипа Пери, смета дека ваквиот модел на однесување го спречува развивањето на емпатијата кај децата и ги учи дека е сосема во ред да чувствуваат болка. Ако вие како родител не го признаете страдањето на детето, го учите да се преправа дека е добро кога не е, тогаш тоа на ист начин ќе реагира кога другите чувствуваат болка.

– Тоа не е исто што и отпорност – вели Пери и додава дека најдобриот начин детето да изгради отпорност е да го прифати чувството на болка. Така, правилната реакција на родителот треба да биде:

– Изгледа дека те боли. Дали си добро? Дај да видам! – и потоа треба да го смирите со тоа што ќе му кажете дека ќе помине болката.

На овој начин ќе го научите детето дека е во ред да чувствува болка, но и да го уверите дека има сила да издржи кога е најлошо.

Извор

Поврзани написи

To top