Здравје

Не одете на патување со вашите деца без овие 6 работи

Во текот на летото многу семејства одат на одмори, пократки или подолги, на море, на планина или во посета на некои градови. Дури и ако патувате само до близок град, важно е секогаш да размислувате за безбедноста на вашето семејство и да бидете подготвени за некои ситуации.

Педијатарот Евгенија Маљагина составила список со најважните работи што треба да ги понесете на патување со деца, особено ако имате бебе под една година.

Антипиретици: овие лекови или сирупи можат да помогнат ако детето почне да страда од забоболка, но и ако добие треска, на пример.
Средства за чистење на носот: добро е да имате солен раствор за чистење на носот, но и назален аспиратор за да ви помогне да ги исфрлите секретите од носот на малото.
Средства за орална рехидратација: Во случај на губење течности предизвикано од дијареја или повраќање, овие раствори можат да помогнат во надоместувањето на течноста.
Антихистамин – соодветен за дете во однос на неговата возраст.
Антисептик – со кој ќе третирате рана, расеченица.
Производи за нега на кожа што ги користите секојдневно за вашето дете – Исто така, не заборавајте го омекнувачкиот крем кој ја одржува функцијата на кожата и кремот за сончање.

Доколку детето зема некои лекови секојдневно, носете ги со себе во доволна количина за целиот одмор. Можеби ќе ви требаат и термометар, ножици и памучни стапчиња.

Д-р Маљагина истакнува дека дури и ако не ви затреба сè од листата, подобро е да го имате при рака. Таа потсетува да не заборавите да го проверите датумот на истекување на сите лекови што ги носите.

Доколку детето има хронична болест, најдобро е да се консултирате со лекар пред патувањето.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор

Поврзани написи

To top