Пред да станам мајка никогаш не сум размислувала зошто нечие дете одеднаш почнало да плаче, зошто реагира со негодување на непознати луѓе, зошто трча по ходникот во трговскиот центар или зошто турка производи од полицата во продавницата. Никогаш не сум размислувала дека родителите сигурно направиле нешто погрешно што го предизвикало такво однесување кај детето. Бев првата што ќе речеше дека тоа е сосема нормална и вообичаена ситуација во животот со мало дете и тоа го сметав за симпатично. Она што никако не сум го очекувала поради тоа – да се извинат или оправдаат.
На 19 мај 2019 во 4:45 часот како делот во главата одговорен за извинување и оправдување целосно, спротивно на мојата волја, да ми се наруши. Се разбира, се промени и перспективата бидејќи тој ден во тој час станав мајка. Сега јас сум онаа што трча по детето во трговски центар, која ги враќа работите на полицата во продавница и го смирува кога ќе се расплаче на јавно место.
Таа плаче бидејќи…
Нервозна е поради…
Не го прави тоа вообичаено, не знам што ѝ е сега…
Првпат во улога на мајка, уште учејќи во од – сè што е потребно за да се исполнам во новата улога во која се најдов – од некаде наоѓам време (претерано) да размислувам за она што другите го очекуваат од мене. Треба ли да се извинам бидејќи Уна почнува да плаче кога непознат човек ќе ѝ застане над количката додека се шетаме и погласно отколку што веројатно е потребно да почне да зборува колку е слатка и да ѝ доделува комплименти кои детето и така не ги разбира? Како тој странец го доживува нејзиното изненадувачко плачење? Дали ќе помисли дека проблемот е во него? Дали ќе мисли дека детето ми е плачливо? Пишувајќи го ова, тие прашања ми изгледаа толку апсурдни и смешни, но тогаш не ги доживував така.
Неколку пати ни се случи слична ситуација во лифтот од трговскиот центар. Уна во количка, јас мајка со само неколку години искуство во таа професија, околу нас толпа луѓе кои не се грижат што жена со детска количка е во лифтот бидејќи мораат што побрзо да стигнат до саканиот кат. Уна почнува да плаче, мојата реакција иста – таа е уште малечка, се плаши, луѓето ѝ се непознати – извинување во зависност од тоа колку сум била креативна во тој момент.
Следна сцена – ние две во кафуле, јас го пијам толку потребното кафе и пријатно разговарам со пријателките, Уна ми седи в скут и бара и таа да проба од пената на нес-кафето. Одеднаш почнува да плаче, а јас имам чувство како сите очи да се вперени во нас. И потоа почнувам – таа е малку нервозна бидејќи е гладна/жедна/ѝ се спие/досадно ѝ е.
Ако некаде дојдеме извалкани, на благајната од продавницата чувствувам потреба на продавачката да ѝ раскажам што ни се случило по пат, зошто такви сме се појавиле во продавница. Не тргнавме вакви од дома, но Уна поврати/се извалка со сладолед/го истури сокот/ вметнете извинување по желба. Што ќе рече госпоѓата, види ја немајката какво дете води по светов? Во реалноста, госпоѓата воопшто не се грижи за дамките на нашите маици, ниту колку ни е црно под ноктите – ќе ги наплати производите, ќе нè отстрани од дневниот ред и продолжува понатаму.
Да го премотаме времето неколку месеци нанапред. Уна почна да оди, или подобро кажано да трча бидејќи кај неа од првиот ден ништо не одеше полека, а со таа нова вештина дојдоа и новите извинувања и оправдувања. Уна трча како мува без глава, се забива во луѓе, па некого ќе го фати за ногавицата од панталоните (дома прва ѕирка во кесите кога ќе дојдеме од продавница). Јас трчам по неа, веројатно исто така изгледам како мува без глава и со ред се извинувам. Не знам секогаш ниту зошто, но изгледа така се прави. Некои правила на бонтонот налагаат да им се извинуваш на луѓето ако им влезеш во нивниот личен простор, но едноставно „пардон“ би било сосема доволно. Сè друго е вишок и сите дополнителни објаснувања се непотребни. Оние на кои им е потребно дополнително оправдување бидејќи детето е дете не го ни заслужуваат бидејќи и така веројатно не би разбрале.
Ова за некого се можеби целосни глупости и баналности, но би сакала некој пред 16 месеци да ми ги кажеше овие работи:
– Не мораш да бараш изговор за плачот на детето.
– Не мораш да им ја објаснуваш секоја постапка на детето на непознати лица.
– Не мораш да се правдаш бидејќи детето покажува нервоза.
– Не мораш да се извинуваш бидејќи детето се однесува како дете.
Автор: Леа Клариќ