Воспитување

Не ѝ купиле нов „ајфон“ на својата ќерка, па таа тврди дека ѝ го уништиле животот

Децата често ја изразуваат својата желба за нови работи, но понекогаш родителите не можат да ги исполнат овие желби од финансиски причини. Оваа ситуација може да доведе до тензии и расправии.

Ова е дилемата со која се соочил еден татко откако одбил да ѝ го купи на ќерка си најновиот „ајфон 15 макс про“, кој чини над 1.000 евра. Девојката поседувала постара верзија и барала нов смартфон, бидејќи сите нејзини пријатели имале. Битката започнала кога нејзиниот татко го предложил „ајфон 13“.

„Ќерка ми ми се налути и рече дека ѝ го уништувам животот и дека нејзината најдобра пријателка има ајфон 15 макс про“, споделил таткото во објава на платформата „Редит“.

AITA for ruining my daughters life
byu/Able_Text5286 inAITAH

Верувал дека „ајфон 13“ е добра опција, поради одличната камера и издржливоста на батеријата, додека девојката инсистирала на најновиот паметен телефон. Родителите ѝ рекле дека тоа е фрлање пари.

Илјадници луѓе го оставиле своето мислење во коментарите.

„Кој е овде родител? Не дозволувај ќерка ти да те обвинува за ништо, ајфон 13 е сепак нов и добар телефон”, напишал еден корисник.

Друг се пошегувал:

-Ако никогаш не сте слушнале дете да каже: „Ми го уништуваш животот“, тогаш не ја вршите добро работата како родител.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top