Животот на детето е исполнет со проблеми. Размислете за оваа ситуација – се будиш, сакаш да си играш со своите играчки Маша и Медо, но не можеш да го најдеш Медо. Вчера го виде, можеби беше минатиот месец, или дефинитивно по роденденот во март. Сега Медо го нема никаде. Никаде!
Иако имаат тешкотии, нашите деца одат напред. Тие не се во ист клас со своите пријатели, не го положиле тестот бидејќи учеле погрешна материја, не одат во нивниот колеџ од соништата. Тие се разочарани, лути, мизерни.
Можеби и треба да бидат. Но што е со нас – нивните родители.
Кога се вклучуваме во емотивниот ролеркостер на нашите деца, уште повеќе им отежнуваме
Не е погрешно да бидете среќни кога вашето дете е несреќно. Ние веруваме дека треба да сочувствуваме со нив, како што прават сите „модерни родители“. Нивното искуство станува наше искуство. Но, тоа не е добро за нашите деца, а не е добро ни за нас.
Кога се вклучуваме во емотивниот ролеркостер на нашите деца, уште повеќе им ги отежнуваме работите. Одеднаш тие имаат поголем товар освен сопственото чувство дека се несреќни, а тоа е и нашето чувство дека не сме среќни.
Ова може да ги натера нашите деца да се затворат. Тие не сакаат ние да бидеме несреќни. Кога нивните проблеми нè вознемируваат, без разлика дали не успеале да влезат во првиот тим за фудбал или не се поканети на некоја забава, децата може да извлечат различни заклучоци. Следниот пат нема да ни откријат дека се тажни ако не успеат да влезат во тимот. Доколку ни кажат колку се повредени и ако видат дека тоа и нас нè повредува, следниот пат нема да ни кажат ништо.
Тоа е ненамерна последица, а еве уште една: децата размислуваат во следнава насока – можеби невлегувањето во тимот или непоканувањето на забава е лошо, но што да се направи тогаш? Ако овој возрасен пред мене не може да се справи со тоа, тогаш како јас би се справил?
Нашите деца не сакаат да бидат одговорни за нашата среќа
Нашите реакции помагаат да ги насочиме децата. Не е крај на светот дури и ако чувствуваш дека ништо повеќе нема да биде исто по големата загуба или огромната грешка.
Се разбира, лесно е да се каже ова, но да се моделира разумна реакција за нашите деца дури и кога нашите срца се кршат, е тешко. Направи го тоа и ќе бидеш на половина пат. Им должиме на нашите деца и на самите себе да го направиме следниот чекор и да одиме напред, да се чувствуваме среќни. Нашите деца не сакаат да бидат одговорни за нашата среќа. Тие сакаат да бидат одговорни за сопствената среќа. Нивната несреќа е нивно промашување, а не наше.
Сочувствувајте со своите деца. Плачете за нив, можеби и со нив. Знајте дека е во ред да ги прегрнете. Потоа продолжете со вашите активности. Кога вие се чувствувате добро, важно е вашите деца да го знаат тоа. Тоа им помага да си го најдат сопствениот пат.
Автор: К.Ј. Дел Антониа