Никој не е должен да биде подобар родител отколку што знае, секогаш да знае што прави, никогаш да не се збунува, да има одговори на сите прашања, да биде таму кога треба и да се оддалечи кога ќе ти порасне независноста. Никој не е должен да те сака повеќе отколку што може и умее. Баш тебе, ако не можел ни самиот себе.
Не ти е должен што си го родила. И самата знаеш дека никому не си подарила живот, туку си родила за да си го направиш сопствениот живот радосен. Не го барал од тебе неговото раѓање. Затоа, не задолжувајте ги своите деца со неповратен долг, бидејќи децата лесно веруваат, а не можат да ви вратат со раѓањето.
Не е должно да биде најдоброто можно дете за ти да бидеш најдобра можна мајка. Таквата математика ги голта бројките и не ги препознава единиците. И животот не е должен да биде само за тебе без никакви пречки и препреки. Кога си се родила, животот не ти се обврзал дека ќе ти помине без солзи.
Таа празнина во тебе што попатно некако се раширила, и чека некој да ја наполни, никој не е должен да ја наполни. Таа дупка живее во тебе, ти си нејзин сопственик. Никој не е должен да ти го признае тоа и да го прифати. Никој не е должен да ти прости кога ќе се покаеш и ќе добиеш прошка, да те извлече од тие скривалишта каде што со тоа мрморење од вина се криеш од животот. Никој не ти должи животот да му биде помалку страшен, само за да ти да не се плашиш.
Никој не е должен да ти вади докази од џебот дека си доволно добра и паметна, затоа што никој не знае со која мерка се споредуваш, па испаѓаш недоволна. Никој не е должен да внимава што зборува и прави пред тебе, за да не ти се заниша чувството на вредност како трска на ветрот. Сите сме изложени на ист ветер, за тебе нема посебни правила. А кога мислиш дека животот бил поправеден кон другите отколку кон тебе, дека некако подобро ги тренирал другите за своите желби, никој не ти е должен.
Никој не е должен да запомни дека ти треба коцка шеќер затоа што лошо ја вариш горчината, да ти помогне додека викаш оти можеш да бидеш сама, да знае дека те боли додека постојано повторуваш дека си силна, да ти ги чита мислите и чувствата. Ако сакаш нешто, кажи му го гласно на другиот. Сите се во своите арени, не сте само вие опкружени со лавови. Никој не ти е должен за сето она што ти го должат некои други, затоа што никој не стои пред тебе наместо другите. Никој не е должен да биде безгрешен пред тебе. Тоа е човек, исто како тебе.
Ако веќе знаеш дека ти се должни сите оние што ги задолжуваш, ако знаеш што ти должат сите твои должници, што те спречува да си го исплатиш тој долг сама на себе?

Зошто не си го даваш тоа што другите не можат да ти го вратат, а знаеш дека ти треба?
Затоа што долгот те прави подобар од оние што ти должат. Затоа што долгот те прави оправдана жртва. Затоа што, додека тие ти должат, можеш да бидеш незадоволна и лута. Затоа што долгот ти дозволува да не бидеш за ништо виновна. Бидејќи долгот е погрешна лекција што си ја научила за тоа како другите никогаш не треба да те остават, бидејќи додека ги задолжуваш, а тие ти веруваат, тие не можат да заминат, дури и да сакаат. Живееш со верувањето дека немаш друг имот освен оној што другите што ти го должат никако не се сеќаваат да ти го вратат.
Значи никој ништо не ти должи. Особено не безусловна љубов. Сѐ додека на другите им поставуваш услов нивната љубов да е безусловна.
Заслужуваш онолку колку што даваш, бидејќи само толку можеш да примиш. Во чаша собира само онолку колку што може од неа да се истури. Ни капка повеќе.
Па ти види кого за што задолжуваш и кој ти е должен кога ти е должен. Сите патишта водат до тебе. Ти си должна од овој живот да земеш што е можно повеќе.
Автор: Лилјана Милиќ/ тренер за личен развој