Игротека

Древни совети за модерни родители

Ова е една од поемите на Вилијам Мартин, кој во своите „Древни совети за модерни родители“ го реинтерпретирал древниот традиционален кинески текст „Тао те чинг“ за директно и јасно да зборува за една од најтешките современи задачи – родителството

Не барајте од вашите деца да се стремат кон извонреден живот,

Таквиот стремеж можеби предизвикува воодушевување,
но тоа е патот на будалштината.

Помогнете им да го најдат чудото
на обичниот живот.

Покажете им ја радоста од вкусувањето домати,
јаболка и круши.

Покажете им како да плачат
кога миленичињата и луѓето умираат.

Покажете им го бескрајното задоволство
при допирот со рака.

И оживејте го обичното за нив.
Извонредното ќе се погрижи за себе.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top