Ниту едно дете не научило да оди без да се сопне, без да падне и да се повреди, па фразата – само преку правење грешки може да научите е пореална од кога и да е. И ние добро го знаеме тоа – сме ги научиле најголемите и најважни животни лекции токму од искуствата на тие неуспеси и паѓања. Затоа и децата мора да прават грешки, а работа на родителите е да им дозволат да грешат. Перфекционизмот не е од корист за никого, особено не на децата ако растат во прекрасен меур бидејќи ќе имаат големи тешкотии кога ќе се соочат со реалните животни проблеми. И тогаш навистина може да се повредат.
Обвинувањето на нашите деца или барањето од нив да не прават одредени грешки е најпогрешната работа што родителот може да ја направи за време на едукацијата. Мајката и таткото треба да го остават малечкото да прави грешки бидејќи тоа е единствениот начин на кој тоа може да ги препознае бескрајните можности за раст. Да се вратиме на тој момент кога децата, со издржливост и храброст, продолжуваат да стануваат секојпат кога ќе паднат бидејќи сакаат да почнат да одат независно по секоја цена. Што би се случило ако мајката го спречува да падне? Пораката што ќе му пренесе на детето е да престане да се обидува од страв да не направи грешка.

Оваа се однесува на сите фази од одгледувањето дете. И нормално е што не сакаме да ги гледаме да страдаат и да плачат, но само ако ги оставиме да направат одредени грешки, ќе можеме да ги зајакнеме како личности. Бидејќи еден ден нашите деца ќе ги рашират своите силни и големи крилја за да полетаат и ние тогаш нема да можеме да ги заштитуваме. И во тој момент, како ќе реагираат тие на затворена врата или одбивање? Како ќе се чувствуваат поради поразите и разочарувањата?
Правењето грешки е одлична формула за создавање независност и автономија на нашите деца, тоа е добро учење дека мораме да ги надминуваме грешките и да поминеме низ нив за да се трансформираме во добри луѓе. Марија Монтесори постојано ја повторувала важноста на грешката: „Ќе видиме како функционира дете во сопствената перфекција. Правилниот пат не е индициран само од предметите што ги користи, туку и од можноста да ги препознае сопствените грешки, со помош на овие предмети.“
Затоа, перфекционизмот не е клучот за среќата на децата, како што не е ни за возрасните. Оставете ги децата слободно да го згрешат своето име, да грешат додека ги врзуваат врвките на чевлите и да прават и други грешки.
Автор: Иларија Бараброса