Игротека

Името на најубавата жена на светот, зошто да го изберете за вашето дете

Изборот на име за дете не е лесна задача. Родителите имаат предлози околу кои често не можат да се согласат, а предлози даваат и пријатели и роднини. Најважно е мајката и таткото да се договорат за името. Ако не се љубители на популарни имиња, можеби старогрчкото име може да биде одличен избор. Токму такво е името Елена.

Името Елена е со грчко потекло и симболизира жена со голема убавина. Исто толку е популарно како и неговите изведенки, како Хелена, Лена, Ленка, Јелена и Елеонора.

Ова име, покрај девојчињата и жените, го носат многу производи, училишта, клиники и организации, а често се среќава и во книги и песни. Толку е популарно што една од месечините на Сатурн се вика Елена, а постои и астероид со тоа име. Елена е име и на многу градови, села, па дури и еден остров во Грција.

Елена била ќерка на врховниот бог Зевс од грчката митологија, спартанска кралица која се сметала за причина за Тројанската војна откако тројанскиот принц Парис ја киднапирал од сопругот Менелај.

Елена се сметала за најубавата жена што некогаш постоела, па носењето на нејзиното име е чест.

Извор

Поврзани написи

To top