Додека некои не можат да потонат во сон кога на нозете имаат чорапи, на други токму тоа им помага побрзо да заспијат, но и поубаво да спијат. Првите велат дека им е премногу топло ако спијат со чорапи, а на другите токму тоа им помага побрзо да се згреат и да потонат во сон.
Научниците спровеле многубројни студии на оваа тема и се покажало дека спиењето со чорапи има свои предности бидејќи телото така воспоставува правилна телесна терморегулација, па побрзо заспиваме. Истражувањата покажале дека оние што спијат со чорапи заспиваат барем 15-ина минути побрзо од оние што спијат босоноги, а своето мислење за оваа тема ја дале и психолозите.

Имено, многу психолози сметаат дека луѓето што спијат со боси нозе имаат заштитнички однос кон другите, додека оние што спијат со чорапи сакаат да бидат заштитени.