Ако сте како мене, сте почувствувале паника кога случајно сте кажале пцости пред детето или пред група мали деца и потоа веднаш сте се прекорувале себеси што сте немале контрола.
Едноставно може да сте такви, или можеби се случило нешто што барало некој поефективен израз од „О, боже!“ Но, како и да е, сте го направиле тоа. Можете да ги гледате нивните очи како се шират и нивната уста се витка спремна за да рече: „Ох!“, бидејќи ве потсетуваат дека штотуку сте кажале лош збор. Како вие да не сте знаеле. Мене тоа повремено ми се случуваше кога чував деца, но бев прилично навикнат да се цензурирам на работа.
Тоа беа екстремните моменти кога не се контролирам, како оној момент кога едно дете ми помина над стапалото со својот велосипед и некои други моменти кога бев повреден на должност.
Големи се шансите, без разлика дали постојано пцуете или само кога работите навистина го бараат тоа, случајно да сте кажале нешто „непримерно“ пред дете. Веројатно не сте сакале да ви се испушти малку од таквиот речник за да го апсорбираат тоа детските уши слични на сунѓер, но штом ќе дојде до тоа, ќе бидете погодени од огромната вина бидејќи штотуку сте го извалкале мозокот на некое невино дете со вашата нечистотија.
Но, одвојте еден момент и отстапете од вашето фаталистичко размислување, бидејќи според Бенџамин Берген, лингвист и професор по когнитивни науки на „УС Дејвис“, можете да пцуете пред вашето дете колку што сакате, бидејќи тоа буквално не му влијае никако.
Сега, не зборуваме за пцуење на вашето дете – затоа што тоа е навредливо – туку зборуваме за кажување пцости во негово присуство. Како и многу луѓе, Берген е родител, а тој исто така се нашол во ситуација да става лента преку устата кога неговите деца биле наоколу. Сепак, Берген е исто така научник и морал да застане и да размисли: „Дали цензурирањето на себеси е навистина важно на долг рок?“
Повеќето родители тврдат дека не сакаат да пцујат околу своите деца затоа што не сакаат да им се јават од училиште и да им кажат дека нивното дете кажало пцост. Но, децата во голема мера ќе го повторуваат она што го слушаат, без разлика каде го слушаат, а Берген вели дека „обичната вулгарност“ на крајот нема директна штета врз развојот на детето. Во својата нова книга тој зборува за своите откритија во врска со вистинскиот ефект на вулгарноста врз детето. Берген утврдил дека децата навистина немаат негативно искуство кога ги слушаат нивните родители или други возрасни како кажуваат пцости.
Зборовите што навистина имаа негативно влијание? Тоа се навредите.

Навредите или злобните забелешки за луѓето се всушност штетни за развојот на децата, затоа што тоа се однесувања што тие ќе научат да ги поврзуваат со своите постапки во иднина и ќе ги сметаат за прифатливи. Нема да можете да ги спречите вашите деца да слушаат вулгарности цел живот, но можете да им објасните дека не треба да ги користат тие зборови. Значи, ако сте изговориле некогаш пцост пред вашето дете, смирете се. Понекогаш само се случува, во ред?
Автор: М. Најар