Ако вашата мајка и понатаму е на врвот на листата на брзо одбирање броеви на вашиот телефон, науката ја објаснува причината за тоа: односите мајка-ќерка се најсилни од сите врски на родители-деца кога е во прашање вообичаениот начин на кој нивниот мозок ги процесира емоциите, според студија објавена во списанието „Журнал на невронауката“. Додека поврзаноста помеѓу мајките и синовите, татковците и ќерките или татковците и синовите може да биде изградена на солидни основи од љубов, не секогаш е силна во делот за емпатија.
Според студијата, односот помеѓу мајките и ќерките е најсилен од сите односи помеѓу родителите и децата и има најсилно влијание врз менталното здравје. Иако и другите односи може да бидат изградени на цврсти темели на љубов, се смета дека овој однос најмногу е заснован на емпатија, што се објаснува со биохемиски процеси во мозокот.
Врз основа на истражување од 2016 година, спроведено на 35 семејства, откриено е дека делот од мозокот кој ги регулира емоциите е посличен помеѓу мајките и ќерките отколку помеѓу кои било други роднини. Поради тоа, мајката може да ја разбере причината за тешкотиите со кои се соочува ќерката бидејќи е во состојба да се идентификува подобро од другите.
Водичот на истражувањето, професорката Фумико Хоефт, објаснува дека испитуваниот дел од мозокот кој влијае врз емоциите, таканаречен кртиколимбички систем, е силно поврзан и со депресијата. Поради тоа, се смета дека познавањето на историјата на болести може да биде од корист во превентивата на депресијата. Таа додава дека на појавата на анксиозност, аутизам, шизофренија, дислексија и други нарушувања влијаат мозочните шаблони кои се наследени и од мајките и од татковците.
Иако се забележува дека примерите во ова истражување се малку на број, некои други истражувања исто така покажуваат силна врска помеѓу мајките и ќерките. Така, едно истражување покажало дека мајките ги фаворизираат ќерките, додека татковците синовите, поради заедничкото искуство што го делат. Се покажало и дека односот мајка-ќерка одолева на сите промени во текот на животот, повеќе од кој било друг меѓугенерациски семеен однос.
Сега знаеме дека тоа е прашање и на срцето и на мозокот.
Автор: Емили Гловер