Воспитување

Науката вели дека оваа особина ќе му помогне на детето да има подобар успех на училиште

Сите сме чуле за деца кои зборуваат „течно“ уште на 18 месеци. Оние што поседувале толку развиени моторни вештини што на две и пол години не им биле потребни помошни тркала на велосипедот. Дете кое на шест години го свири Моцарт на пијано и чита книги за Хари Потер. И додека сите овие достигнувања се восхитувачки – и веројатно вродени наместо условени од родителите – тие не се нужно конкретни показатели за идниот академски успех. И дали сакате да знаете што е показателот?

Љубопитноста.

За новото истражување спроведено во Детската болница при универзитетот Ц.С.Мот во Мичиген, педијатрите ги анализирале податоците собрани од 6.200 деца во текот на нивниот живот, од девет месеци до градинка. Тие конечно откриле дека поголемата љубопитност е поврзана со повеќе читање во градинка и академски успех во математиката“. Без оглед на полот или социо-економското потекло, истражувачите додале дека љубопитноста може да биде важен, но недоволно признат придонесувач за академскиот успех. Поттикнувањето на љубопитноста може да го подобри.

Интересно е што напорот на децата и нивната способност да седат тивко и да слушаат на часовите имале помалку врска со академскиот успех отколку што може да се претпостави. Списанието „Science Daily“ пишува:

-Истражувачите сметаат на уште еден познат и важен фактор што придонесува за академските достигнувања познат како „контрола на напор“ или способност да се остане фокусиран на часот. Откриле дека дури и независно од тие вештини, децата што биле идентификувани како љубопитни имале добар успех по математика и по читање.

Водечкиот истражувач д-р Прачи Шах објаснува: „Овие наоди посочуваат дека дури и ако детето покажува недоволен фокус на часовите, сепак може да има оптимални академски достигнувања ако поседува голема љубопитност“.

Така, следниот пат кога вашето дете ќе каже „Зошто?“ побрзо отколку што можете да ги формулирате одговорите (Зошто небото е сино? Зошто кучињата се потат? Зошто имам две очи наместо едно? Зошто?), прославете го тоа како знак дека детето е гениј. Потоа однесете го во музеј или библиотека да истражува. Љубопитноста нема да го спречи во ништо. Тоа може само да го стави вашето дете на почесната листа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top