Секоја жена што поминала низ бременост знае колку сила и енергија се потребни и дека носењето бебе може да биде доста исцрпувачко, а науката сега докажа дека мајките се како најуспешните спортисти во светот.
Ако некогаш сте помислиле дека бременоста е како трчање деветмесечен маратон – апсолутно сте во право, а сега науката има доказ за тоа.
Една нова студија покажала дека бременоста бара иста количина на издржливост како што им е потребна на спортистите кои учествуваат на „Тур де Франс“, ултрамаратон или триатлон.
Научниците тврдат дека бременоста го турка телото до самите граници на издржливост, како учеството во „Ајронмен“, а до ова сознание дошле анализирајќи ги податоците собрани од спортисти кои учествувале на трка низ Америка, од Калифорнија до Вашингтон, долга 4.800 километри, со траење од 120 дена. За време на маратон, тркачот троши енергија која е 15,6 пати поголема од енергијата согорена од базалниот метаболизам, додека велосипедистите трошат 4,9 пати повеќе енергија од базалниот метаболизам за време на 23-дневната трка „Тур де Франс“. За време на бременоста, потрошувачката на енергија на жената е 2,2 пати поголема од нејзиниот базален метаболизам. Тие биле прилично изненадени кога откриле дека максималната потрошувачка на енергија кај спортистите за издржливост е само малку повисока од метаболичката стапка кај жените за време на бременоста.
-Секоја жена што била бремена знае колку е тешко. Тој процес ги турка жените до границите на издржливоста – вели коавторот на студијата, Херман Понцер од Универзитетот „Дјук“. Тој заклучил дека бременоста не е само физички, туку и психички исцрпувачка.
Автор: Карина Шиждрак
912