Воспитување

Научниците велат дека одделенските „кловнови“ се најпаметните деца

Според научниците, сосема е можно одделенскиот „кловн“ во седмо одделение да е всушност најпаметното дете во училницата.

Хуморот и интелигенцијата се тесно поврзани кај децата од повисоките одделенија во основното училиште, според истражувањето во Меѓународниот журнал за истражување на хуморот.

– Бевме особено заинтересирани за тоа како се оценува детската духовитост од страна на возрасните – вели водичот на студијата, Угур Сак од Универзитетот во Анадолија.

– Родителите и наставниците треба да знаат дека квалитетниот хумор е знак за извонредна интелигенција.

Студијата, исто така, покажа дека за разлика од возрасните кои го доживуваат хуморот како забава, децата го користат хуморот за да бидат прифатени и затоа природата на детскиот хумор се разликува.

За да утврдат кои ученици се подуховити, научниците им доделиле на експертите да ги оценуваат текстовите што 217 деца ги напишале за серија од десет стрипа. Хумористите ја оценувале духовитоста на детските коментари и се покажало дека најдуховити ученици се оние што имаат подобро вербално расудување и повисока интелигенција. Можеби не е изненадувачки што подобрите комуникатори можат да смислат подобри шеги, но студијата изгледа вредна како начин да се измери напредокот на учениците во училиштето и да се најдат начини за подобрување на нивното образование.

Автор: Ден Робицки

Извор

Поврзани написи

To top