Според ново истражување на Универзитетот во Глазгов, децата што поминуваат повеќе време во природа и играат на отворено имаат подобро ментално здравје од нивните врсници што се врзани за својот дом.

Во истражувањето учествувале деца на возраст од 9 до 11 години и нивните родители. На малолетниците им било наложено една недела да носат акцелерометри, со кои научниците снимале колку време децата поминуваат надвор и на кој начин го поминуваат: учество во активни игри, спортување или одење, опуштање и седење.

Откако ги собрале потребните податоци за нивото на физичка активност на децата во природа, научниците го оцениле менталното здравје на секој учесник, користејќи специјални прашалници. Резултатите покажале дека децата што поминуваат околу 60 минути дневно во природа, имаат 50% помал ризик од развој на психолошки проблеми во споредба со нивните врсници што поминуваат помалку време надвор.

Истражувачите откриле дека и енергичните активности, како што се играта и спортот, и тивките активности – имаат корист за менталното здравје на децата. Тие откриле и дека децата од сиромашните семејства со ниски приходи имаат поголема корист од престојот во природа отколку нивните врсници од семејства со подобар социо-економски статус.

Извор



912

X