Образование

Научниците откриле начин за зголемување на училишниот успех кај децата

Децата чии родители во раното детство им читаат книги и со кои решаваат математички задачи се успешни на училиште и постигнуваат поголеми успеси во животот отколку нивните врсници, утврдиле научниците од Универзитетот во Бамберг.

Како што се наведува, научниците речиси 10 години следеле 200 деца во Германија, а резултатите од истражувањето ги објавиле во магазинот „Училишна ефективност и училишно подобрување“.

Резултатите покажале дека во текот на читањето книги децата стекнуваат јазични вештини, а со тоа ги подобруваат и математичките способности.

Научниците спровеле низа тестови меѓу децата на возраст од 3 до 5 години проценувајќи какви се нивните говорни способности и како решаваат различни логички задачи.

Освен тоа, експертите собрале податоци и од родителите – ги прашале на кој начин им помагаат на децата, дали им читаат книги и на кои теми.

Кога сите деца наполниле 12 или 13 години, научниците повторно направиле тестирања и ги сумирале резултатите од експериментот. Излегло дека моќта на книгата е приближно иста без оглед на имотната состојба, социјалниот статус, полот на детето, типот на семејство и други фактори.

Експертите од американската психолошка асоцијација претходно изјавиле дека децата што повеќе сакаат музика од егзактните науки се поуспешни на училиште.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top