Најдобриот дел од денот за зачнување се утринските часови, велат научниците. Истражување спроведено на Универзитетската болница во Цирих покажало дека сексуалниот однос пред 7 часот и 30 минути ги зголемува шансите да забремените. Објаснуваат дека тоа е последица на внатрешниот час на ејакулацијата, бидејќи утринското време е подобро за сперматозоидите, за разлика од ноќта.
Над 7.000 мажи на возраст од 25 до 40 години учествувале во ова истражување. Тимот открил дека примерокот од сперма кој бил земен во текот на пролетта е со посилна концентрација, а во текот на летото е забележан пад на сперматозоидите во примероците. Сопружниците кои се обидуваат да забременат би требало да имаат интимни односи во утринските часови во текот на март, април и мај. Овие 3 месеци дале најголеми резултати во зачнувањето. Според истражувачите и експертите, спермата е и во најздрав облик и големина во текот на пролетта.

Според „Дејли мејл“, водечкиот автор на студијата – д-р Бриџит Линерс открила дека резултатите може да им помогнат на паровите да зачнат природно, како и на оние двојки што се на третман за оплодување. Студијата била објавена во „Хронобиологија интернешнл“.