Тим од истражувачи од Австралија, Германија, Швајцарија и од Канада, со помош на чувствителен сензор кој го замотале околу градите на новороденчето по породувањето, забележал промени во волуменот на белите дробови кои се јавуваат во првите минути надвор од матката.

– Здравите бебиња при раѓањето користат исклучително сложени методи на приспособување на дишењето – вели клиничкиот неонаталог Давид Тингај од детскиот истражувачки институт „Мурдох“ во Австралија.

Уредот собирал слики од белите дробови на бебето, и заедно со видео и аудиоподатоци придонесе за детален опис на повеќе од 1.400 вдишувања кои бебето ги направило по царскиот рез. Резултатите овозможија статистички преглед на процесите на вентилирање на белите дробови кај новороденчињата, физиолошките активности за подготовка и надувување на белите дробови за да им се овозможи да ја преземат улогата на постелката во размената на гасови.

Поедноставно кажано, додека децата се во матката, тие ги вежбаат своите бели дробови, иако се преполни со течност која се лачи од слузот во белите дробови и привидно дишат за да се подготват мозокот и мускулите за таа активност по породувањето.

Голем дел од течноста излегува надвор при првиот налет на воздух. Сурфактантот кој ги обложува алвеолите им помага во празнењето на течноста и нивно ширење, па дека новороденчето прави звуци како гаргара, а потоа гласно ќе заплаче.

Студијата покажала дека белите дробови на бебињата се многу покомплицирани отколку што претходно посочуваа традиционалните методи на следење, соопштија научниците.



912

X