Во денешно време момчињата се соочуваат со многу предизвици. Улогата на родителите во животот е клучна, а главна задача е да му помогнат на детето да води здрав и сигурен живот. Затоа издвојуваме предизвици за момиња кои се наоѓаат во „Книга на предизвици: 100 начини момчињата да станат фини, решителни и храбри“.
Осмели се да именуваш 3 емоции што си ги почувствувал
Дали сте знаеле дека постојат јасно дефинирани емоции кои можеме да ги почувствуваме. Листата е прилично специфична, а опфаќа и бес и страв, тага, изненадување, доверба, среќа. Колку од нив денес сте ги почувствувале? Поттикнете го вашето дете да ги искаже трите денешни емоции. На пример – бев радосен. Што те доведе до таа радост? Треба да го научите детето да ги идентификува своите чувства и да излегува на крај со нив, без разлика дали се убави или тешки.
Осмели се да покажеш дека стереотипите се лоши
„Момче си. Тоа значи дека мораш да бидеш силен, да бидеш херој. Сепак, да се биде момче значи многу повеќе од тоа. Постојат и многу други стереотипи, како пол, раса, години, религија… Оваа недела поттикнете го синот да ги разбива стереотипите. Нека покаже дека, покрај силата, тој е паметен, чувствителен и грижлив. Нека биде внимателен.

Осмели се да пронајдеш другар кој не е сличен на тебе
Сигурно вашиот син се дружи со момчиња што се слични на него. Можете со него да зборувате за другарите од одделението, какви се, што ги прави различни, зошто се посебни. Поттикнете го да се дружи со некој што е етнички или на кој било друг начин различен и да ги увиди неговите убави особини.
Осмели се да пронајдеш хероина
Да, сигурно вашето дете веќе има свој херој. Но, поттикнете го да засака и некоја хероина. И тие може да покажат сила во одредени ситуации, може да инспирираат и да го мотивираат детето на различни начини. Нека запише на што ѝ се воодушевува на хероината што ќе ја избере.