Децата најдобро учат преку игра, а во процесот на учење играта се прифаќа како инструмент за учење. Овде креираме средина во која децата учат да ја поттикнуваат љубопитноста, креативноста

Наташа Маџевска, еден од едукаторите во „Бибиверзум“, е професор по предучилишно воспитување и дипломиран гешталт-психотерапевт EAPTE. Има долгогодишно работно искуство со деца како воспитувач и гешталт-психотерапевт, помага во градење здрави, среќни и самоуверени деца.

Љубовта што се креира во работата со деца и грижата за нивниот здрав раст и развој ѝ се најголем мотив да продолжи да придонесува во градењето на детската личност.
– „Бибиверзум“ за мене носи нов, а истовремено едноставен, близок и полн со топлина и љубов пристап кон развивање на детето од најрана возраст. Воведувајќи ги како основа за работа со деца четирите вредности: грижа, комуникација, поврзување и заедништво, „Бибиверзум“ мотивира да се развие и расте едно дете кое е поттикнато да биде присутно, љубопитно, да истражува, лесно восприма и да биде спремно да расте и да стане возрасен – вели Маџевска.

Објаснува дека заедно со другите членови на тимот во „Бибиверзум“ кај децата ќе ја поттикнува свесноста за тука и сега, препознавање на емоциите и нивно правилно изразување, ќе ја поттикнува способноста за љубопитност и истражување.

– Детето ќе може слободно да ги презентира своите идеи и мисли во играта. Преку игра и активности ќе се запознае со светот на науката, уметноста, буквите и бројките и ќе ја развиваме емпатијата кон другарчињата. Искуството од „Бибиверзум“ децата ќе го носат во своите домови и блиското опкружување – вели Маџевска.

Таа ги поканува родителите да ги донесат децата во светот богат со игра, песна и ликови кои носат радост за сите.

– Децата најдобро учат преку игра, а во процесот на учење играта се прифаќа како инструмент за учење. Овде креираме средина во која децата учат да ја поттикнуваат љубопитноста, креативноста и е во согласност со физичките и емотивните потреби на децата, каде што се развива чувството на безбедност – додава Наташа.

Наставата во „Бибиверзум“ ќе почне на 9 март и ќе трае 3 месеци.



912

X