Образование

Наставниците од 4. до 9. одделение, во договор со училиштето, ќе одлучуваат дали ќе предаваат од дома

Наставниците во договор со директорите на училиштата самостојно ќе одлучуваат дали ќе продолжат да ја вршат наставата од работното место – во училница или имаат услови да го прават тоа од дома, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

Одлуките ќе се донесуваат на ниво на колектив и Министерството за образование и наука нема да се меша. Целта е да се заштеди на греење на училишните објекти кога тоа не е неопходно, но и да се излезе во пресрет на потребите на наставниците.

Ова се однесува на наставниците од 4. до 9. одделение. Најмалите ученици од 1. до 3. одделение продолжуваат со настава во школо.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top